Сузана Јовановиќ открива: Баба Ванѓа му ја предвидела смртта на Саша Поповиќ, сѐ му погодила, но погрешила во едно

Шокантно пророштво на Баба Ванѓа, наводно, со години го следело животот на Саша Поповиќ – од женидбата, кариерата и подемот на „Гранд“, па сè до датумот на смртта.
Во својата прва голема исповед по смртта на сопругот, Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ ја отвори душата и сподели непознати детали за нивниот живот, љубов, кариера, но и за пророштвото кое, како што тврди, со години го следело Поповиќ.
Во разговор за магазинот Scandal, Сузана за првпат раскажа како прочуениот основач на „Гранд“ наводно бил во контакт со човек кој ја посетил легендарната бугарска пророчица Баба Ванѓа и добил детални предвидувања за неговиот живот.
– Скоро ми кажа мојот сосед Бане Обрадовиќ, буквално зборувавме на таа тема, и тој ми вели дека сосема случајно дошол во контакт со некој човек кој бил кај Баба Ванѓа и кој му рекол дека сигурно и докажано знае дека таа никому не сакала ниту знаела да каже кога ќе умре, а секогаш кажувала неколку години повеќе. И ако ја видела смртта, не сакала да каже: „Ќе умреш на 70 години“, туку „Ќе живееш до 86“. Така што тоа паѓа во вода. Сè што му кажала, до смртта, се исполнило – и женидбата, и тоа дека „под еден кров“ ќе ги собере сите тие пејачи, своите колеги, дека сите ќе пеат и издаваат за него, „Гранд продукција“, сè, сè било точно, па и тоа дека нема да се ожени пред четириесет и некоја година – раскажа Сузана, па продолжи:
– Ја прашал тој: „Која ќе биде мојата жена, како ќе знам дека таа е вистинската за мене?“ – тоа ми го има кажано сто пати. Ми вели: „Само ќе ти се каже“. И го прашувам: „Кога ме виде мене, како знаеше дека сум јас за тебе?“ Тој ми одговори: „Кога те видов онака насмеана, со таа коса и со таа насмевка и со тие преубави очи, знаев дека си ти за мене жена. Крај на приказната, едноставно знаев“. Сè до тогаш се исполнило, но во право е Бане и тој човек што ја кажал таа страна на приказната. Инаку, мислам дека никој од тие пророци и луѓе со таков дар и талент не знае кога ќе си заминеме – тоа само Бог го знае – рече Сузана во својата прва искрена исповед за Scandal.
Извор: kurir.rs