28 Мај – Ден на менструалната хигиена: Не се срамете да зборувате за „оние денови во месецот “!

Разговорите кои младите девојки и жени ги водат околу менструалната хигиена сѐ уште само се скришум се шепотат. Многу девојки се срамат да кажат дека се во „оние денови во месецот”, а голем дел од нив дури и ги кријат своите влошки и тампони во своите чанти и несесери, или ги прикриваат со други производи кога се на каса во маркет. Зошто срамот околу менструацијата сѐ уште преовладува?
Кога имате добиено, не треба да е толку тешко да стигнете до влошка или тајно да зборувате за тоа. Повеќето девојки признаваат дека за време на првата менструација се чуствувале збунето, уплашено или засрамено. Една од причините е поради општествениот став дека менструацијата е нешто „непријатно“ и нешто што треба да се сокрие. Но, менструацијата не треба да биде причина за срам, и не треба негативно да влијае врз вашиот дух, вашето здравје и врз квалитетот на вашиот живот.
Денеска, Bestie заедно со група гинеколози ве очекува на улица Македонија од 12 до 16 часот за да ви ги одговорат сите прашања поврзани со менструалното здравје и хигиена. Ќе ви споделат совети за како да се чувствувате слободно, заштитено и пријатно во секоја ситуација, без разлика дали сте на работното место, во училиште, во некое кафуле или кога спортувате. Овој настан е дел од иницијативата „Никогаш повеќе сама” на dm која инспирира, охрабрува и обединува. Токму затоа, Bestie е секогаш тука да ве охрабри, ислуша и да ви сподели по некој совет за подобрување на вашето менструално здравје и како полесно да ги поминете „оние денови во месецот”.
Промените низ кои поминува женското тело за време на менструалниот циклус, како и користењето на тампони, влошки или менструални чашки не е потребно да ги сокриете, тоа е нормално, и е дел од природниот процес на една жена. Недостатокот од менструално образование влијае врз самодовербата на девојките и многу е важно родителите, училиштата и медиумите да имаат клучна улога во намалување на стигматизацијата и разбивање на митовите околу менструацијата.
Поради тоа, денешниот ден нека биде посветен кон информирање, едукација и подигање на јавната свеста околу ова прашање што засега повеќе од половина од нашата популација. И не заборавај дека никогаш не си сама - Bestie е тука за тебе, а dm е тука за вас обете.