7 работи што никогаш не треба да ги правиме наутро: Обрнете внимание
Прочитајте ја добро оваа листа!
Денот е познат по утрото, вели една народна поговорка, и веројатно веќе сте сфатиле дека кога ќе го започете утрото набрзина, остатокот од денот поминува во сличен хаос. Постојат одредени навики од кои би морале да се откажеме доколку сакаме денот да ни помине во добро расположение.
Суштината е дека утрото го поставува тонот за остатокот од денот. Ако денот го започнеме на вистински начин, избегнуваме лоши навики, остатокот од денот ќе имаме повеќе енергија, ќе бидеме посмирени и попродуктивни, советува колумнистката на медиум порталот, Аја Алхусаини.
НЕ ТРЕБА:
1. Туш со топла вода
Нема ништо лошо во топол туш, тоа е дури и одличен начин да се опуштите по напорниот ден пред спиење. Сепак, утринскиот туш со топла вода може премногу да ве релаксира. Можеби сте во искушение едноставно да се откажете од утринската рутина и да се вратите во кревет.
Значи, туширањето со топла вода ќе го подобри вашето расположение, но нема да ве направи попродуктивни.
2. Не го започнувајте денот со шолја кафе
Нашето тело природно произведува хормон наречен кортизол, што прави да се чувствуваме будни, но кофеинот од кафето може да пречи во производството на овој хормон. Со текот на времето стануваме зависни од кофеин и нашето тело природно произведува помалку кортизол.
Најдобро е да не пиете кафе пред 10 часот.
3. Не се излежувајте
Утринската гимнастика долго време се сметаше за идеален начин да се остане здрав и активен. Истражувањата покажуваат дека вежбањето пред појадок помага и ако сакате да изгубите вишок килограми бидејќи нашето тело тогаш согорува повеќе маснотии наутро од кој било друг дел од денот.
4. Не ги одложувајте важните задачи
Волјата и самоконтролата се прилично ограничени, а како што напредува денот, нивниот интензитет се повеќе се намалува, тврдат истражувачите.
Значи, додека вашата самоконтрола е на својот врв, првото нешто што ќе го направите наутро треба да биде задача за која знаете дека нема да имате ниту сила ниту волја подоцна.
5. Престанете да ги проверувате социјалните мрежи веднаш штом ќе ги отворите очите
Повеќето луѓе ги проверуваат своите социјални мрежи првото нешто наутро за да ги дознаат најновите озборувања, вести и семејни / пријателски настани, но ова може да биде доста стресно.
Кога излегуваме од релаксиран сон и веднаш се бомбардирани со најновите вести, мозокот добива премногу стимул што предизвикува стрес.
6. Не раскревајте го креветот веднаш
Убаво е да не оставаш неред зад себе, но не го мести креветот штом ќе станеш. Оставете го да се проветри и да се ослободи од грините и другите паразити кои успеваат во влажна и пријатна средина.
Оставете креветот да се исуши и проветрете малку, а потоа наместете го пред да ја напуштите куќата.
7. „Уште само пет минути“
Не го одложувајте алармот, не само затоа што ќе се чувствувате виновни и под стрес, туку и затоа што по тие пет минути ќе се чувствувате поуморни отколку кога сте се разбудиле.
Обидете се да станете веднаш штом ќе се огласи алармот, колку и да ви изгледа тешко и невозможно.
извор:informer.rsфотo:pixabаy