Актуелно // Insta вести
Антониа Гиговска емотивна за сопругот: Погледнете како го поддржа Роберт

Пејачката Антониа Гиговска поретко споделува дел од нејзиниот личен живот, додека на професионален план е се‘ поактивна и присутна во јавноста. Но овој пат преку емотивна објава на својот Инстаграм профил покажа огромна поддршка за нејзиниот избраник, музичарот Роберт Спасенцовски.
Имено, Роберт кој и самиот е пејач и музичар, неодамна објави нова песна „Лажеш“, која ја пее во дует со Малена.
Па како сопруга која го поддржува сопругот во она кое го работи пејачката ја сподели неговата нова песна и напиша: „Мој“, додавајќи емоција срце и го означи маж ѝ кој се потпишува под севдонимот Џокер.
Р.Ж.М
Фото: Инстаграм