Бикови-очекувајте изненадување на работа: Дневен хороскоп за 27 август

Добивај вести на Viber

Дознајте што ви подготиле планетите за оваа среда

Овен

Имате можност да завршите нешто што долго време го одложувавте. Енергијата е стабилна, но внимавајте да не реагирате импулсивно во разговорите со најблиските.

Бик

Можно е изненадување во врска со работата или финансиите. Обрнете внимание на деталите и не брзајте со одлуките, особено кога станува збор за инвестиции.

Близнаци

Комуникацијата е во преден план и многу работи ќе зависат од вашата елоквенција. Добивате вести што ги менуваат плановите и отвораат нови можности.

Рак

Чувствувате зголемена емоционалност и потреба да се повлечете во вашиот мир. Најдобро е да ја користите вашата интуиција и да не влегувате во расправии што ве исцрпуваат.

Лав

Социјалните контакти носат придобивки и можно е ново познанство што подоцна може да се покаже како значајно. Идеално време за соработка и тимска работа.


Следна страна