Бог не води таму каде што душата најмногу се отвора: Репортажа на Татјана Томовска за Светото патување во древниот Египет кај Офи

Добивај вести на Viber

Посета на Новата неименувана Метропола и Најголемата Црква на Блискиот Исток „Рождество Христово“, отворена  од Претседателот на државата Сиси

-Вториот ден продолживме со откривањето на нови содржини, овојпат  придружени и од сопругот на Офи, капетан пилот Џон Садек, кој лично не понесе да ни ја прикажат новата метропола што се гради покрај Каиро, на огромна територија. Пред нас се нижеа комлекси на целокупната администрација, сите Министерства, спортски центри, амбасади, луксузни живеалишта за нив како и надземната траса за брзиот воз. Ретко кој турист ова го знае, а уште помалку го видел. Ете баш ние ја имавме таа привилегија, да го го видиме најјубавото.

Најмаркантното нешто во овој ден беше посетата на Најголемата Црква на Блискиот Исток „Рождество Христово“ , финансирана и отворена од Претседателот на државата Сисиво чест на најголемата Христијанска заедница на Коптите во овој регион.

Зданието по својата надворешност, а уште повеќе со внатрешноста на храмот ви го одзема здивот од импозантноста на фреските, олтарот и сиот свет амбиент внатре. Храмот собира околу 8000 верници на Литургија. Секако, дека ова беше ретка можност да се помолиме во еден ваков храм и да заминеме понатаму, по Агендата на нашата ѕвезда водилка, Офелија.

По оваа кружна рута со домаќините, следеше шопинг тура отворениот мол „Аир Мол“, кој беше во близина на нашиот стан. Домаќините ги оставивме да се одморат до вечерните саати, а ние ги прочешлавме сите дуќани во молот. Падна и закуска во МК Доналдс и релакс кафенце во паркот со езерца и фонтани. 

Овој ден беше убава можност да си купиме подароци за блиските и себе, иако за утредента беше најавена посета на Пазарот Кан Ел Канлили. Она што можевме да забележиме е дека, насекаде имаше скенери како мерки на претпазливост за безбедноста на сите, затоа што имаат прилично туристи и огромен број на жители.  Имено, само во Каиро брои 28 милиони жители, а Египет близу 100 милиони. Нешто непоимливо за нашите стандарди.

Вечерта ја завршивме во компаундот, тоест во домот на домаќините каде ги поделивме скромните подароци за нив, понесени од Скопје. Тука, ја запознавме и втората ќерка на Офи и Џон, Грејс која токму е таква како и името што го носи - Милост. Во следните часови уживавме во капење на базенот, а потоа во богатата трпеза со нови египетски  јадења, што домаќините ги имаа поставено за да ги вкусиме чаролиите на Египет. Секако, дека после оваа закуска шоферот не однесе „дома“ да одмориме за следниот ден. 

Посета на „ Висечка Црква на Дева Марија“. Третиот ден за мене беше најсветиот и го обележа насловот на оваа сторија – „Светото патување во древниот Египет“, а има и зошто!

-Пристигнавме во стариот дел на Каиро. Патот не водеше кон првите дуќани од пазарот и тука веќе купивме уникатни нешта. Целта на Офи беше да ја посетиме што поскоро, најстарата Коптска црква на светот, „Висечката Црква на Дева Марија“ изградена на темелите од Римски затвор, тоест Вавилонските тврдини по што го добила и името висечка. Кревањето на тлото од 6 метри не ја уништило за разлика од другите објекти на ридот. Таа е една од најстарите коптски цркви, во која има сочувани мошти на над 100 светители.

Црквата е градена некаде околу третиот век  после Христа и неколку пати била обновувана. Фасцинантно е тоа што во криптите под  неа во времето на Иродот како бебе го криеле Исус, за да не биде погубен од римјаните. Самата помисла дека тука, под ова место (од 21 едно вкупно) поминало Светото семејство, се додека не го изнеле Исус на три месечна возраст од Египет, ВИ ЈА ЕЖИ КОЖАТА. Кога ќе влезете во црквата која зрачи со тивка светост, на еден од ѕидовите стои напис од Библијата кој вели:

„Го повикав мојот Син, да го напушти Египет !“

Тоа Господ го повикал Исус, својот Син, за да биде спасен од римските војници. Воедно во храмот посветен на Дева Марија, постои нејзина икона која ја викаат Мона Лиза, оти гледа на сите страни и се претпочита дека е првата икона на Мајка Богородица, воопшто. Во црквата покрај иконите и моштите на многу Светии, има дванаесет мермерни столба што асоцираат на 12те Апостоли, од коишто едниот е од црн мермер и го прикажува Јуда. 

Мирот и спокојот владеат во овој простор, а верниците тивко поминуваат со раката преку приложените ковчежиња за да примат благослов и исцеление. Во еден дел во врамена кутија се чуваат делови од Светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Едноставно целиот амбиент има волшебна енергиј , која ве обзема како магија. Токму и затоа ова мое патување го нареков СВЕТО ПАТУВАЊЕ ВО ЕГИПЕТ!

И секако после сето ова не сте исти во душата. Нештата што ги купивме од црквата како темјан, свето масло, бројаници и други ситници, со голема љубов ги понесовме со себе како најдраги подароци за најмилите. Оттука, заминавме да го видиме Музејот со најстарите пронајдени мумии на светот. Молкум минувавме  низ просториите каде хронолошки беа изложени сите мумии на древните династии на египетските фараони, стари над 3000 години пред Христа. Она што го понесов со себе од контактот со овие древни души беше неспоредлив со ништо пред тоа. Мојот впечаток беше, дека така мали и ситни телца (не оти се суви) тие не се од овоземно потекло, туку се народ од некоја друга развиена цивилизација!. 

Текстот продолжува на следната страна...

Претходна страна  Следна страна