Бог не води таму каде што душата најмногу се отвора: Репортажа на Татјана Томовска за Светото патување во древниот Египет кај Офи

Добивај вести на Viber


По посетата на овие две светилишта, со задржана воздишка од виденото, продолживме на најпознатиот пазар Кан Ел Калили каде Офи ни ги откри дуќаните со посакуваните нешта и сувенири. Уживавме во пазарењето и ценкањето и ми се чини дека на Офи, ова и е беше најнапорниот дел во турата. Таа мораше да седи и чека додека биравме што поскоро да  купиме, од квалитетните марами со египетски мотиви, декорираните чаши, влечки и ташни од кожа на камила, уникатни теписи од кожа на крави

Овде изгубивме најмногу време, но и уживавме во еснафот на дуќанџиите кои не почестуваа со напитоци од кафе, сокови и чај како муштерии. Толку беа љубезни што сета купена роба ни ја носеа  до возилото. И, за денот да биде заокружен, а бевме веќе гладни и уморни, Офи не одведе во еден традиционален ресторан да земеме од јадењето кошари, кое ги полни стомаците на 9 милиони египјани за ручек и вечера. За кратко бевме дома, исполнети од пазаровката и зачудени како ќе се пренесеме до Скопје! 

Недела - четвртиот ден, беше за одмор. Веќе знаевме каде е Молот, па самите си го организиравме денот со докупување на подароци и уживање во паркот на вода. И се ќе беше добро, да не го утневме патот до дома па едно трипати кружевме додека не стасавме папсани и во смеа колку сме смотани - пред нос ни била зградата, ама тоа е тоа ха, ха, ха.

Ајн Сокна, петтиот и шестиот ден не чекаше ново изненадување - патување на Црвено море во нивната вила во монденското место, плажата во Ајн Сокна- Врели очи, во превод.

-Попатно Офи ни раскажуваше дека во близина е Суецкиот Канал каде минуваат огромни бродови со контејнери. За два часа стасавме во еден голем комплекс со луксузно уредени вили со тревници, зеленило и каскадно поставени базени, што се протегаа до плажата на Црвеното море.

По којзнае кој пат бевме во пријатен шок. Тивкото заливче со заградени приватни плажи и поставени сламени чадори, лежалки и столчиња не чекаа да уживаме. Неуморната Офи, со нетрпение чекаше да влеземе во сината во вода на Црвеното море. Климата беше волшебна - ни претопло ниту влажно. Постојано пиркаше морско ветре кое не милуваше не само по телото, туку и во душата. Рајска убавина!

Вечерата кај Сахар и мангото

-И така во ова монденско место поминавме два чудесни дена и утредента, 6-от ден во  Египет тргнавме кон Каиро. Како шлаг на тортата беше вечерата кај блиската пријателка на Офи, Сахар чиј сопруг е исто така пилот. Таа е чест гостин во Македонија и ужива во македонската храна, природата и секој момент поминат во неа. Сахар специјално за нас дојде од Александрија, за да ни угоди со типични египетски јадења во нејзината прекрасна куќа. На трпезата имаше јагнешки џигер, лозови сарми со тартур прилог, специјално зготвен ориз, посебно супата од блитва со пилешки бујон молохеа, печен гулаб, слатко - кисела салата, како и десертот со кој завршивме крај базенот. Секако, побаравме дозвола сето тоа да го овековечиме. 

Средбата со неа  со неа беше повеќе од срдечна, а флуидот како 100 години да се знаеме. Имаше таква убава енергија меѓу нас, што времето брзо ни мина. Како изненадување со себе понесовме по некое парче манго, од плантажите на Сахар наследени од татко и. И запомнете: „ Во Египет нема гладен човек, затоа што е благослов да нахраниш некого!“ - ни рече Сахар на заминување.

Времето течеше мораше да заминеме за да се спакуваме, оти ноќта летавме за Скопје. Со голема благодарност се разделивме од неа, а и од мојата Офе до некоја наредна средба во Скопје. Бескрајно исполнети, среќни и восхитени го чекавме летот, секоја на својата дестинација кон Скопје.

Велат дека: „ Се што е убаво брзо поминува, но ете моите мисли ги сјатив со мрежите невидливи во оваа сторија, за да го задржат споменот. Зборовите се премалку за да го опишат  гостопримство, емпатија  и посветеноста со која не пречекаа и испратија нашите домаќини Офи и Џон .

За крај ќе речам едно големо  БЛАГОДАРАМ  Офелија Гаџевска- Садек , среќна сум што те имам.  Ни беше привилегија да бидеме ваши гости !

Во мене остнаа Клучните впечатоци :

Восхитувачка чистота секаде и прекрасно уредени зелени површини со автохони растенија, како оази со благопријатна клима!

Неверојатно многу се гради просторот!

Одлични мерки на безбедност и заштита на туристите и населението!

Љубезност, гостопримливост и милост !

Се вози многу брзо, во повеќе скоро невидливи ленти и изгледа малку небезбедно. Овде возилата имаат предност и многу ретко видовме велосипеди. Воедно и пешачките премини се реткост,  тоа се лежечките полицајци

Соња Алексоска Неделковска




Претходна страна