Дали ви се верува дека овој мултифункционален и луксузен стан има само 24 квадрати?!

Иако има само 24 квадрати, овој мал стан е осмислен да биде практичен и пријатен за живот на една личност.
Станарот обожава ретро шмек од седумдесеттите години на минатиот век – малку боја, метални детали и винтиџ акценти. Станот е поделен со завеси на дневна и спална зона, за просторот да биде подобро организиран – дневната соба за дружење со пријатели, а спалната за опуштање.
И двете зони се мали, па мебелот е внимателно одбран. Две удобни фотелји без потпирачи може да стојат одвоено или една до друга, па се погодни и за дневен одмор.
До нив е стаклена масичка со метална рамка, со бледо „дим“ стакло што е речиси неприметно во просторијата. Лесните полици и вешто поставените ламби го прават просторот функционален, но и визуелно интересен.
Одлично решение е тоа што компјутерот служи наместо телевизор, а поголемиот дел од мебелот е винтиџ или „second-hand“.
Кујната е мала, но сосема доволна за подготовка на едноставни оброци. Секој сантиметар е прецизно искористен – вратата од машината за перење се отвора буквално до кујнскиот ормар.
Спалната соба е минималистички уредена и светла, во бели, кафени и беж нијанси. Акцентот е на деталите – постелнина со текстура и уникатни ламби. Наместо тешки плакари, за складирање служат полици сокриени зад едноставни бели завеси.
Бањата е најмалиот дел од станот, но функционална, додека во ходникот има практичен ормар за јакни и обувки. Погледнете ја галеријата со фотографии од овој мал стан и дознајте како може комфорно да се живее и во стан од 30 квадрати.
Извор








