Даниела ја реновирала гарсоњерата со мал буџет: Одвоила и спална соба, а бојадисувањето било полн погодок

Кога започнала со реновирање на гарсоњерата, Даниела имала јасна цел — не само да го освежи просторот, туку и да го направи функционален и удобен дом, во кој креветот може лесно да се скрие.
Покрај тоа, сакала да го подели просторот на дневна и спална зона, да го сокрие отворениот плакар и да направи мал агол за шминкање. Сè требало да изгледа модерно, но со многу second hand детали.
Паметно искористен простор
Првиот чекор бил отстранување на вратите од плакарот, бидејќи зафаќале премногу простор и удирале во ноќните масички. Наместо нив, поставени се завеси на плафонска шина, кои визуелно го делат просторот и го сокриваат плакарот. Така се добило место и за мала комода.
Меѓу дневната и спалната зона е поставена елегантна полица, која служи како ТВ-комода, простор за книги и декорации, но и како јасна физичка преграда.
Завеси како ѕид
Над плакарот е додадена плафонска полица која имитира спуштен таван и овозможува завесите да бидат пократки во тој дел, а во останатиот дел — завеси во целосна должина.
Користен е комбиниран систем со лесна шина за директна монтажа и флексибилна шина за закривени делови. Завесите се поставени долж прозорците, околу плакарот и по ѕидовите, создавајќи меко и текстурно одделување на зоните.
Дизајн и атмосфера
Ѕидовите се обоени во топла темно-розова нијанса, усогласена со завесите, што на гарсоњерата ѝ дава пријатна и домашна топлина. Мебелот, тепихот и ламбите се купени половно, а креветот добил ново узглавје. Едноставно огледало создава впечаток на поголем простор.
Билките и декорацијата ја заокружуваат топлата и модерна атмосфера — доказ дека и мал простор може да стане удобен дом, со малку креативност и практични решенија.
Фото извор: Принтскрин YT