„Дружбата со малите деца и животните ме потсетува на вистинските вредности“: Утринско кафе со Симона Ристевска

Добивај вести на Viber

Ако ја прашате Симона Ристевска дали постои поранешен новинар, одговорот дефинитивно ќе биде НЕ.

Иако веќе не работи професионално како новинар, новинарството како стил на пишување, новинарската љубопитност, дурбинот низ кој новинарите ги гледаат појавите, но и новинарството како животен стил, се задржало во навиките на Ристевска. 

Денеска таа пишува книги за деца и е авторка на едно од омилените четива на најмладата и би рекле најкритичната публика. „Куферко-светскиот патник од Македонија“ е наслов добропознат на дечињата низ Македонија, а авторскиот потпис на ова дело го има оставено Симона Ристевска. 


Иако новинарството е нејзин живен позив, самата вели дека дружењето со младите и децата ја потсетува на вистинските вредности и ужива во нивната искреност. По кафето како симбол на почеток на денот и „прва помош“ за дополителна енергија, Симона е типична млада девојка. Нејзиното утро не се разликува многу од утрото на секој човек, кој овој период од денот го користи да ги состави своите „впечатоци“ од сонувањето и да се втурне во реалноста на новиот ден. 

-Како и секоја млада девојка, утрото го започнувам во 6 часот наутро, припремајќи се за редовните работни обврски во денот. Важно ми е првите 30 минути да ги посветам на самат себе и  да ги започнам во мир и тишина, насочувајќи ги мислите за денот кој треба да започне. Во меѓувреме следува утринскиот ритуал како и на секоја жена - посветен на мојот дневен изглед. Моето прво утринско кафе го пијам со колегите на работа, на почеток на работниот ден и тоа е време кога разговараме за предстојните работни обврски. 

Сепак кафето за неа не е само рутуал, вели дека штом ќе испие кафе чувствува позитивни бенефити. 

-Да, конзумирањето на кафе ги разбиструва моите мисли, ме буди, но исто така е момент кога разговорот со колегите  го прави неформален, попријатен и потопол, се создава една поопуштена атмосфера во која полесно  разменуваме идеи, или дури и само разговараме за секојдневни работи што не би ги споделиле во формална средина. Тој момент на зедничка конзумација на кафе всушност придонесува за подобро разбирање и поврзување меѓу нас.

Има омилен вкус на кафе, што ви рекле ја отксликува нејзината блага природа. 

-Ладно матен нес, само со вода и засладен со стевиа, полн погодок.

Покрај кафето, духовните елементи од секојдневието за неа се важни. 

-Покрај добра шолја испиено кафе, дополнителна енергија  ми дава прошетката во природа, средбите со моите драги луѓе,  дружбата со малите деца и животните. Нивната искреност, спонтаност и чиста енергија секогаш ми ја полнат душата и ме потсетуваат на вистинските вредности. Ваквите моменти ми помагаат да го задржам природниот баланс – ме смируваат, ме инспирираат и ми носат внатрешен мир што директно се одразува и на мојата енергија во текот на денот.

Ја мотивираат нешта кои се поврзани со лично, но и општо добро. 

-Личниот раст, градењето на прфесионалната кариера и учество во актвности што носат општествена вредност.

Секој нејзин ден е различен и во тоа е убавината. Животот исполнет со секојдневна возбуда од неочекуваното, го прави поинтересен и возбудлив. 

-Моите дневни планови и обврски најчесто се организирани така што ми овозможуваат да бидам продуктивна, но и да го задржам балансот помеѓу работата и личното време.  Дневните планови и обврски не ми се исти и зависат од задачите предвидени за одреден ден или период од месецот или годината.

Крајот од денот е резервиран за најблиските и за мало задоволство наточено во чаша за вино. 

-Денот најчесто го завршувам во друштво со семесјтвото или моите најблиски пријатели, на чаша вино и убав разговор, но и со припрема за следниот работен ден. 

Филм или книга?

-Морам да кажам дека и книгата и филмот ми претставуваат задоволство  бидејќи  влијаат позитивно на моето расположение, но сепак  би и дала предност на добрата книга, која ќе ми ја разбуди фантазијата и тогаш јас сум режисерот на филмот  и задоволството е поголемо. 

Мисла на денот - за негов почеток или крај?

-„Има работи кои ти можеш да ги направиш, а јас не, но има работи кои јас можам да ги направам, а ти не; затоа ајде да направиме нешто убаво заедно.“

Гонџа Агнес Бојаџиу - Мајка Тереза!

Разговорот го водеше: Магдалена Стојмановиќ