Моден фокус // Трендови
ЕКСКЛУЗИВНО „Женски магазин“ на свадбата на Љупка Митрова: Погледнете како изгледа

Во ексклузивен хотел на грчкото приморје, денеска нашата позната инфлуенсерка и сопственичка на ателјето „Митров“- Љупка Митрова прави гламурозна свадба.
Женски магазин имаше ексклузивна можност да присуствува на церемонијата и мора да признаеме дека сме воодушевени и од амбиентот и од невестата.
Целокупната организација беше врвно направена, на веселбата пристигнуваа голем број на познати јавни личности и блиски пријатели и соработници на Митрова, а сите со голема радост и среќа ги споделуваа своите честитки до брачниот пар.
А Љупка Митрова... Изгледаше величенствено во венчаница изработена според врвни естетски и модни стандарди.
Н. Толески и М.Стојмановиќ
Фото: Миодраг Константинов