Еве каква есен ги очекува хороскопските знаци: Некого есенското сонце ќе го огрее, некому ќе му се стемни!

Вага
Вагите влегуваат во период во кој ќе мора да научат да се избираат себеси. Нивната постојана потреба да им угодуваат на сите често доведува до тоа да ги занемаруваат сопствените желби и потреби.
Есента носи ситуации кои ќе ги мотивираат да престанат да бараат одобрување и да постават јасни граници.
Кога ќе се ослободат од стравот да го изговорат зборот „не“ и кога ќе престанат да ги отфрлаат сопствените желби заради мир, ќе откријат нова рамнотежа – онаа што се заснова на автентичност, а не на прилагодување кон другите.
Шкорпија
Шкорпиите оваа есен ќе бидат повикани да ги отворат срцата кон довербата. Нивната вродена сомничавост и потреба постојано да ги проверуваат луѓето околу себе често ги исцрпува и оддалечува од вистинската блискост.
Есента носи ситуации кои ќе им покажат дека ранливоста не е слабост, туку пат кон подлабоко поврзување.
Кога ќе престанат да веруваат дека секој сака да ги излаже и кога ќе се ослободат од опсесивната потреба за контрола, ќе откријат нова леснотија во односите и чувство на внатрешен мир.
Стрелец
Стрелците ги чека лекција за одговорноста. Нивната склоност да даваат ветувања во налет на емоции сега ќе биде ставена на тест.
Есента ги учи дека секој збор има тежина и дека слободата не значи избегнување одговорност, туку искреност.
Јарец
Јарците ќе се соочат со предизвик да ги отпуштат своите крути планови. Нивната потреба сè да биде испланирано во детали често им пречи да уживаат во спонтаноста и радоста на моментот.
Есента носи можност да сфатат дека најдобрите работи понекогаш се случуваат токму тогаш кога животот не оди според планот.
Кога ќе го совладаат стравот дека сè ќе се урне без контрола и кога ќе му дозволат на животот да ги изненади, ќе откријат можности кои не можеле да ги предвидат ниту во највнимателните распоредувања.
Водолија
За Водолиите, ова ќе биде период на емоционално будење. Нивната склоност чувствата да ги кријат зад интелектуални расправи и дистанца сега ќе биде доведена во прашање.
Универзумот ги враќа „на земја“, потсетувајќи дека мудроста не е целосна без срце.
Кога ќе се ослободат од стравот од интимност и кога ќе им дозволат на другите навистина да ги запознаат, ќе откријат колку сила лежи во искрените емоции и поврзаноста.
Риби
За Рибите доаѓа време на појасен поглед кон светот. Нивната природна склоност кон идеализирање често ги води во разочарувања, но есента им го носи дарот на кристална јасност.
Тоа не значи губење на духовноста – напротив, нивната чувствителност ќе добие цврста подлога. Кога ќе престанат да чекаат некој друг да им ги реши проблемите и кога ќе се ослободат од навиката на жртвување во односите, ќе откријат дека вистината, без разлика колку е тешка, секогаш ослободува.
Извор: b92