(ФОТО) Големо и среќно семејство во кое таа е столб: Мајката на Димитар Андоновски наполни 60 години
Пејачот Димитар Андоновски веќе 5 години ужива во бракот со сопругата Христина за која во повеќе наврати има изјавено дека е горд, а со која го има синот Михаил.
Овојпат тој има убава причина за славење, а тоа е јубилејниот 60-ти роденден на неговата сакана мајка. Во фамилијарна атмосфера и со убава торта, Димитар и неговата сестра Маја ја изненадија мајка си Гордана.

Инаку Андоновски му ја посвети балдата „Ова небо знае сѐ“ на својот починат татко, прочуен гинеколог од Битола.
- Загубата на мојот татко беше голема загуба на моето семејство. Јас бев дете и нормално ми беше многу тешко затоа што чуствував голема потреба за неговото присуство. Но, благодарен и сум на мојата мајка Гордана која што се постави како столб на семејството и во различни ситуации беше и татко и мајка. Таа не научи како да се бориме во животот и не воспита во луѓе со кои што верувам дека се гордее денес. Таа за мене е жена која е најголемиот борец што го познавам и човек од кој сум научил многу животни работи - откри пејачот во интервју за Женски Магазин.