(ФОТО) Непрепознатлива: Пријателите загрижени за Џулија Робертс

Добивај вести на Viber

Ни трага од старата Џулија

Фотографиите на кои „Убавата жена“ шета на плажа на Хаваи, предизвика загриженост кај нејзините пријатели. Долго време се шпекулираше дека бракот на 52-годишната Џулија Робертс и 51-годишниот снимател Даниел Модера стои на разнишани нозе. Таблоидот „Нова идеја“ сега ги објави тврдењата на пријателите на актерката кои се загрижени за неа затоа што изгледа „многу слаба и тажна“.


Еден од изворите на таблоидот дури рекол дека актерката претпочита снег и не ја сака плажата, па ја толкувал нејзината согласност за одмор на Хаваи со нејзиниот сопруг како обид да се поправи бракот.


Судејќи според фотографиите, изгледа дека Џулија таму не се забавувала многу. Шетала покрај плажата сама, и со лицето загрижено гледалаво телефонот. Каснувањето на нејзините усни, тврдат експертите, е знак на несвесна борба со стрес, а токму тоа го правела поголемиот дел од времето додека одела боса на песочна плажа на Хаваи.

Светот зуе веќе една година дека се распаѓа нејзиниот долгогодишен брак со снимателот Даниел Модера.

Познатите сопружници сè уште официјално не се огласија за овие шпекулации.



Фото:Profimedia/Инстаграм/juliarobetrs

Можеби ќе ве интересира:

Диетата на Џулија Робертс по која полуде светот: Дозволени се и слатки нешта

Вистинската љубов не доаѓа до вас, таа е во вас: Животни цитати од Џулија Робертс