(ФОТО) Принцот Луис ужива: Божиќната честитка на кралското семејство е преслатка
Во најубавиот
празничен месец, декември и покрај пандемијата од коронавирус, неодоливи
честитки со фотографија од кралското семејство ќе добијат многу луѓе.
Пандемијата не ја спречи Кејт Мидлтон да заблеска на фамилијарната фотографија, по повод новогодишно-божиќната честитка.
Принцот Вилијам и неговата сопруга, војвотката Кејт Мидлтон со години испраќаат персонализирани честитки, а годинава семејството на принцот се фотографираше покрај дрвја со камин.
Годинава, фотографијата од кралското семејство се појави порано од вообичаеното, а истата сè уште не е официјално објавена на нивниот официјален Инстаграм профил.
На новата честитка, целото семејство се насмевнува гледајќи во пбјективот. Најмладиот член на семејството, принцот Луис е во посебно расположение, додека неговиот брат принцот Џорџ и принцезата Шарлот се повоздржани. Имено, фотографијата беше наменета за сите здравствени работници, а кралското семејство прво им посака Среќен Божиќ и Среќна Нова Година.
Се верува дека фотографијата е направена на нивната фарма Анмер Хол во Норфолк, каде што поголемиот дел од своето време го минувале за време на карантин.
Неодамна, седумгодишниот принц Џорџ, петгодишната принцеза Шарлот и двегодишниот Луис го направија својот прв официјален настап на црвениот тепих во лондонскиот Вест Енд и ја воодушевија нацијата.

Родителите го однесоа преслаткото трио во лондонскиот театар „Паладиум“ за специјална претстава на пантомимата наречена „Пантоланд“, која беше организирана како друг начин да им се заблагодарат на клучните медицински работници и нивните семејства за нивната важна работа оваа година за време на пандемијата на вирусот ковид-19.
Фото: Profimedia/Инстаграм/
Moжеби ќе ве интересира:
(ФОТО) Едно парче за совршен стајлинг: Кејт Мидлтон во бојата на љубовта(ФОТО) Кејт Мидлтон стана блондинка: Конечно ја промени бојата на косата