Животна училница // Наша инспирација
Фустан во боја на оган и витка фигура: Дарија Андоновска блесна во друштво на австрискиот амбасадор

Македонската композиторка и пијанистка Дарија Андоновска е препознатлива по својот софистициран естетски стил и често се појавува во софистицирани модни комбинации на јавните настан.
За „Виенскиот бал“ таа избра смела модна комбинација, која ја изразува нејзината витка фигура, а модните критичари ја оценуваат комбинацијата како смела и интензивна, токму како огнената боја на фустанот кој го избра Дарија.
На оваа церемонија Андоновска се појави во друштво на австрискиот амбасадор и неговата сопруга, а не пропушти да ја искаже својата благодарност за вниманието кое го добила од нив и тополото добредојде кое и го приредиле како домаќини.
Драг амбасадоре Мартин Памер и драга Аида Памер, ви благодарам за оваа магична вечер. Заедно со Оливер Арсовски ја направивте оваа вечер во Скопје бајка и не телепортиравте во друга димензија, напиша Дарија на својот фејсбук профил во знак на благодарност кон организаторите на настанот.
Во коментарите можеше да се прочита и одговорот на австрискиот амбасадор, кој напиша „Ти благодарам драга Дарија Андоновска за овие љубезни зборови“, стоеше во обраќањето на австрискиот амбасадор во Македонија, господинот Мартин Памер.
Ж.М