Има добра причина: Еден пејач нема да оди на погребот на Џеј Рамадановски

Добивај вести на Viber

Пејачот Жељко Сашиќ призна дека се чувствува лошо поради загубата на големиот пријател, легендата на народната музика, Џеј Рамадановски, но откри и дека нема да присуствува на неговиот погреб.

- Беше тешко, беше шок и синоќа ги слушав неговите песни. И, само се сеќавам на некои авантури од нашите пријателства, а ги имаше многу. Ние сме од истата индустрија, тоа отсекогаш било шега, пеење, смеа, веселба.

Бидејќи неодамна беше ослободен од карантин, Жељко реши да не оди на погребот на Џеј.

- Нема да се појавам на погребот, бидејќи избегнувам собири, но дефинитивно ќе го посетам гробот кога ќе дојде време за тоа - рече тој за „Курир“.


Фото: printscreen/TV blic.rs

Можеби ќе ве интересира: