Јапонскиот маникир ќе го одбележи летото 2025 година: Сите ќе ве прашаат каде сте ги средиле ноктите, а еве и зошто е толку генијален!

За разлика од класичните маникири кои се потпираат на лакови и гелови, јапонските маникири се базираат исклучиво на природни состојки.
Замислете маникир кој не вклучува лакови или гелови со светли бои, а сепак вашите нокти изгледаат толку негувани и сјајни што сите се прашуваат каде сте ги направиле.
Тоа можете да го постигнете со традиционалната нега на нокти која потекнува од Јапонија, а кај нас е се поприсутна на социјалните мрежи и се повеќе барана во салоните, пишува Cosmopolitan.
За разлика од класичните маникири кои се потпираат на лакови и гелови, јапонските маникир се базираат исклучиво на природни состојки. Целта не е бојата, туку грижата - длабинска реставрација и зајакнување на природната структура на ноктот, но со суптилен бисерен сјај.Што содржат производите за јапонски маникир?
Сите производи во третманот се сто проценти природни, а оригиналниот метод содржи:
-пчелин восок
-витамини А и Е
-кератин
-силикон од Јапонското Море.
Овие состојки во форма на густа паста се втриваат во плочката за нокти за да се стимулира обновувањето, да се зајакне структурата на ноктите и да се стимулира природното производство на масло кое на ноктите им дава сјај и еластичност.
Дали јапонскиот маникир е добар за нокти?
Апсолутно. Идеален е за секој кој:
-има кршливи, слаби нокти кои се лупат
-сакаат природен „изглед“
-се во фаза на опоравување по гелови или траен лак.
Ноктите се веднаш поздрави, посјајни и поотпорни, а чувството после маникир е како да сте им вдале нов живот.
Целиот третман трае околу 45 минути, а освен што ги негува ноктите, делува и како мал „велнес“ ритуал за рацете, бидејќи во повеќето салони вклучува и масажа.
Колку долго трае јапонскиот маникир?
Во зависност од вашата рутина и изложеноста на состојки кои многумина од нас ги користат секојдневно (читај: детергенти), ефектот на јапонскиот маникир трае околу две недели. Во овој период, ноктите не само што изгледаат убаво, туку и се регенерираат одвнатре.