Каубојските чизми повторно владеат: Еве како да ги носите со стил оваа сезона

Добивај вести на Viber

Каубојските чизми дефинитивно се вратија во голем стил и ќе бидат апсолутен хит и оваа есен и зима. Веќе неколку сезони го држат приматот на модните писти, во уличниот стил на светските метрополи, а сега ги гледаме и кај нас, комбинирани на свеж и модерен начин.

Нашата сограѓанка од Скопје ни покажа како едноставно, а ефектно може да се носат. Таа ги комбинираше своите кафеави каубојски чизми со црн свиленкаст фустан со тантела, надополнета со кратко кафеаво сако и минималистичка црна чанта. Ефектот? Урбано, женствено и трендовски – комбинација која може да се носи и дење и навечер.


Она што ги прави каубојските чизми посебни е нивната способност да додадат бунтовен шарм на секоја комбинација – без разлика дали се носат со фустани, здолништа или фармерки. Тие совршено ја балансираат елеганцијата со опуштената кул атмосфера.

Оваа сезона, доколку сакате да внесете свежина во вашиот гардеробер, каубојските чизми се задолжителен избор, а низ фотките подолу ве инспирираме како да ги комбинирате.






РЖМ/ИС - Фото Инстаграм-Пинтерст