Кендал Џенер е главна тема овие денови во Париз: Кога најбараната манекенка ќе се соблече - тоа изгледа вака!

Добивај вести на Viber

Долгиот транспарентен фустан ја истакна сензуалната силуета на манекенката, кој го запали интернетот со својот изглед.

Затворајќи ја ревијата на „Скијапарели“ за пролет 2026 на Неделата на модата во Париз, моделот Кендал Џенер прошета по модната писта во целосно проѕирен фустан украсен со прамени крзно, според списанието W.

Долгиот транспарентен фустан ја истакна сензуалната силуета на манекенката, кој го запали интернетот со својот изглед.


Фустанот беше комбиниран со соодветни ракавици, сандали со метални потпетици и пар впечатливи златни обетки.

Косата на Џенер беше стилизирана во елегантна пунџа.


По Кендал во првиот ред следеа нејзината помлада сестра Кајли и пејачките Розалија и ФКА Твигс.

Патем, „голиот фустан“, каков што го носеше Џенер, стана еден од попопуларните модни трендови, особено во Холивуд.

Овој тип на облека се смета за изјава за самодоверба.


РЖМ/ИС - ФОТО: Х