Кога Моника Белучи ќе те роди, мора да фасцинираш! Дева Касел ги фрли во сенка најголемите ѕвезди на Холивуд на ревијата на Диор

Добивај вести на Viber

Во едноставен, но многу ефектен стајлинг, со ретро фризура во стилот на Одри Хепберн и широка насмевка, италијанско-француската убавица ги остави сите без здив на ревијата на Диор.

На Неделата на модата во Париз, Џонатан Андерсон ја претстави својата прва женска колекција за Диор и собра голем број познати имиња, а покрај Брижит Макрон, Џони Деп и Џенифер Лоренс, таму беше и моделот и актерка Дева Касел.

Ќерката на Моника Белучи и Винсент Касел е амбасадор на Диор и е редовна на ревиите на француската куќа, па затоа и овој пат беше една од најзабележаните.



Дева, како што налага редот, носеше Диор, а нејзиниот аутфит е олицетворение на визијата на Андерсон за иднината на познатиот бренд - комбинација од стари елементи, бунт и романса.

View this post on Instagram

A post shared by Dior Official (@dior)



Моделот пристигна во длабоки, прави панталони и кратка, драпирана блуза врзана околу вратот и ракави со средна должина.

Покрај тоа, таа комбинираше бледо розова чанта и сандали, со што постигна феноменален контраст.



Кариерата на ќерката на Моника Белучи

Дева Касел гради кариера во манекенството со години, а за прв пат прошета по пистата во 2021 година, на ревијата на италијанската модна куќа Dolce & Gabbana, а подоцна истата година се појави на насловната страница на италијанското издание на списанието Vogue со нејзината мајка, Моника Белучи.

View this post on Instagram

A post shared by Deva Cassel Source (@devacasselsource)



Претходно, во 2020 година, таа беше дел од кампањата за парфем Dolce & Gabbana Shine и позираше за насловната страница на списанието Elle, а во последните години е задолжителен гостин на големите модни настани во Европа.

Покрај тоа, таа се занимава и со глума, а дебитираше во 2023 година во инди-филмот „Beautiful Summer“, по што глумеше во серијата „Leopard“ на „Netflix“ во 2025 година.



РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм официјален профил Дева Касел