Колку смее да тежи училишниот ранец? Физиотерапевтката Снежана открива што најмногу ѝ штети на детската кичма

Добивај вести на Viber

Со приближувањето на почетокот на учебната година, родителите се соочуваат со бројни подготовки – од набавка на книги и прибор, до избор на вистински училишен ранец. 

Иако изгледа како обичен детал, стручњаците предупредуваат дека ранецот има големо влијание врз здравјето на детето.

Физиотерапевтот Снежана Милановиќ објаснува дека големината и тежината се клучни: празниот ранец треба да биде лесен и да одговара на конституцијата на детето. Дното не смее да оди под половината, а горниот дел мора да завршува под рамениците.

Препораките се тежината на ранецот да не надминува 10–15% од телесната тежина на детето. На пример, ако детето тежи 20 килограми, ранецот не смее да биде потежок од 2–3 килограми. Затоа е важно да се избираат полесни тетратки, тенки корици и минимален прибор.

Ранецот треба да има зајакнување на задната страна, широки и меки ремени и по можност каиш за околу половината. Најдобро е книгите да се редат правилно: потешките поблиску до грбот, полесните напред.

Неправилниот избор и носење на ранец може да предизвика лошо држење, деформитети на кичмата и главоболки.

 Затоа, родителите треба редовно да проверуваат како децата го пакуваат и носат ранецот и да им помогнат да создадат здрави навики уште од првиот училишен ден.

Извор: ona.telegraf /Freepik