Моден фокус // Трендови
„Лабубу куклите се демонска работа“: Православна страница со апел до родителите

Куклите „Лабубу“, кои станаа вистински хит меѓу младите, особено на социјалните мрежи, се најдоа во центарот на контроверзија откако на фејсбук страницата „Православие.мк“ беше објавена содржина во која се тврди дека овие кукли се инспирирани од демони.
Според објавата, куклите имаат морбиден изглед и симболика која не е во склад со православното учење.
Лабубу играчките изгледаат слатко додека не сфатите дека тие се демони инспирирани од демонот Пазузу. Исто како во Симпсонови. Хомер донесе еден дома, и тој го опседна. Не купувајте играчка со која го поканувате злото, се наведува во објавата.
Страницата ги повикува родителите и младите да бидат внимателни и да не подлегнуваат на трендовите што, според нив, можат да имаат негативно духовно влијание.
Додека дел од јавноста ваквите ставови ги смета за претерани, други ги прифаќаат со сериозност, барајќи повеќе свесност околу симболиката на популарните играчки.