ЛАП ТОП И ЗА КАТЕРИНА, СЕСТРИЧКАТА НА МИТЕ: Дечињата ќе добијат и работни маси и столчиња
Сега и сестричката на Мите, Катерина има сопствен лаптоп компјутер, кој денес и беше доставен од страна на вработени во Општина Куманово.
Ова на својот фејсбук профил го објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Тој нагласи и дека дополнително Мите и Катерина ќе добијат две работни маси и столчиња, за поуспешно да можат да ја следат наставата и да учат во домашни услови.
„Остануваме посветени на обезбедување квалитетни услови за живот за сите, а особено на децата кои се иднината во нашето општество“, напиша Димитриевски на својот фејсбук профил.
Ова следува откако пред неколку дена Димитриевски објави дека со лични средства од вработени од општината набавиле два лап топ компјутери, кои денеска требаше да му бидат врачени на семејството, чии деца сведоачеа дека немаат средства како да ја следат онлајн наставата, во документарен филм кој го објави Види вака. Средношколецот Мите Драгишевски и неговата сестра катерина Драгишевска побараа наивно само да користат лаптоп па дури и да ги вратат кога ќе немаат потреба од нив.