Лекции кои разведените ги учат дури откако бракот ќе заврши: Десет вистини кои би сакале да ги знаете уште пред да се омажите!
Откако ќе се смират емоциите, а бракот стане минато, многумина сфаќаат дека работите изгледаат многу појасно отколку додека биле сред проблемите.
Тогаш доаѓаат до израз лекциите кои можеби можеле да го спасат односот – или барем да помогнат полесно да се продолжи понатаму.
Брак и развод – две училишта на животот
Ниту браковите ниту разводите не се едноставни. И двете нè учат како гледаме на животот, што ни одговара, што не можеме да поднесеме, колку даваме и што очекуваме за возврат.
Секој развод е болен, но и силна лекција што покажува каде сме грешеле и каде не сме се слушале себеси.
Канадската адвокатска канцеларија Nussbaum Law ги прашала своите разведени клиенти какви совети би им дале на другите. Нивните одговори кријат вредни сознанија:
-Бракот не мора да биде борба – ако постојано правите компромиси само за да избегнете кавга, тоа е знак дека треба да одите понатаму.
-Секогаш имајте план Б – финансиската и лична независност е клучна.
-Довербата е темел – без неа, љубовта не може да опстане.
-Луѓето се менуваат – и тоа е природен дел од животот.
-Искреност за минатото – таа помага да се разберат сопствените емоционални реакции.
-Споделени цели – дури и мали активности може да ја зајакнат врската.
-Без меѓусебно обвинување – за развод се потребни двајца.
-Не изгубете се себеси во врската – сопствената среќа не смее да зависи целосно од партнерот.
-Нова дефиниција за семејство – животот создава нови гранки на „дрвото на љубовта“.
-Почитувањето е основа – без него секој однос е осуден на пропаст.
Разведените луѓе се согласни во едно: бракот нè обликува, но разводот нè учи.
Извор: ona.telegraf.rs (М.С.К)