Љубовни пресврти и нови предизвици – неделен хороскоп од 29 септември до 6 октомври

Неденелен хороскоп од 29 септември – 6 октомври 2025 година, еве што ви велат ѕвездите кога станува збор за љубовта, работата и здравјето!
ОВЕН
Неденелниот хороскоп од 29 септември – 6 октомври 2025 година вели дека ве очекува динамичен период на работа, идеите брзо ќе доаѓаат, но внимавајте на расправии.
Во љубовта осцилации, слободните би можеле да сретнат некој од минатото. Повеќе физичка активност.
БИК
Важите за личност на која другите секогаш можат да се потпрат и тоа ви носи успех. Партнерот покажува внимание, а слободните ќе запознаат некого во семејно опкружување. Вечерите носат мир во домот.
БЛИЗНАЦИ
Подлабоки разговори и промени го обележуваат периодот на работа. И во љубовта слична ситуација. Партнерот сака отворен дијалог, а слободните запознаваат интересна личност. Ситните пропусти ги надоместувате со шарм.
РАК
Интуицијата ве води на работа, одлуките што ги носите се вистински погодок! Сепак, внимавајте туѓите проблеми да не ве исцрпат. Во љубовта односот со партнерот се подобрува, блискоста меѓу вас расте. Кај слободните може да се разбудат стари чувства кон поранешен.
ЛАВ
Неденелниот хороскоп од 29 септември – 6 октомври 2025 година вели дека сте во центарот на вниманието, вашите идеи добиваат поддршка. Во љубовта сте потпора на партнерот, а слободните привлекуваат погледи. Вечерните часови носат прилика да заблескате.
ДЕВИЦА
Деталите ве окупираат на работа, но внимавајте да не претерате со анализи. Немојте да губите драгоцено време.
Партнерот бара практични решенија, а слободните запознаваат некого на јавно место. Можни проблеми со притисокот.