Работи работа што никој не ја сака: Месечно заработува 4.500 евра, не ѝ треба школо за оваа професија, но ја работат само луѓе што знаат добро да ги контролираат емоциите

На TikTok последниве денови вирално стана видео на Хејли (Hayleigh), техничарка во мртовечница која на мрежите се претставува како The Mort Tech.
Таа на своите следбеници им открива како изгледа нејзината работа, која иако непопуларна – е изненадувачки добро платена.
Хејли годишно заработува до 45.000 фунти (околу 53.000 евра), а за да почне со работа единствен услов била возачка дозвола. Првиот месец учела од поискусен колега, а потоа самостојно ја извршувала работата.
„Нема официјална обука – добиваш прирачник, а најголемиот дел од учењето е на лице место,“ вели таа. Најголем предизвик за неа било пренесувањето тела поради висината.
На TikTok редовно одговара на прашања од љубопитни гледачи – од теми за балсамирање до лични желби за погреб.
Нејзините видеа отворија и дискусии за жалоста и начинот на справување со загуба. Многу следбеници ѝ се заблагодариле за човечкиот пристап и инспирацијата.
@themortuarytech #funeral #mortuary #morgue #deathtok #death original sound - TheMortuaryTech
Недостаток на кадар и кај нас
Иако приказната доаѓа од Велика Британија, слична е ситуацијата и во Македонија, каде последниве години недостасува работна сила во погребните служби.
Работата на помошник во мртовечница подразбира подготовка на починати, пренос и одржување хигиена, но и административни задачи и поддршка при организација на погреби.
Потребни се физичка издржливост, емоционална стабилност и работа во смени, но формално искуство не е задолжително – обуката е обезбедена.
Извор / Screenshot TikTok