ЛУДО ЗАЉУБЕНА, Лејди Гага страсно го бакнува вереникот, додека носи прстен вреден МИЛИОНИ: „Дури и оваa коза знае колку посебен ден ми е твојот роденден“

Лејди Гага се појави јавно со свршеникот Мајкл Полански по повод прославата на неговиот роденден, привлекувајќи внимание не само поради блискоста со партнерот, туку и поради дијамантскиот веренички прстен што го носеше.
Фотографиите од настанот ја прикажуваат двојката во опуштена атмосфера, додека разменуваат бакнежи и позираат за семејната архива. Лејди Гага се огласи на социјалните мрежи за да нагласи колку е важен денот за неа, со серија приватни фотографии кои вклучуваа торта за роденден, моменти на фармата и дружење со пријателите.
„Среќен роденден љубов моја. Се надевам дека твојата 42-та година е најдобрата година досега, постигна толку многу во твоите 42 години, толку сум горда на тебе секој ден - и толку сум благодарна за денот кога дојде на светот, тоа беше најпосебниот ден. Тоа е мојот омилен ден во годината! Свеж и речиси дождлив ден, долга прошетка, со насмевката на славеникот и чоколадна торта во позадина. Дури и оваa козa знае колку посебен ми е твојот роденден. Те сакам“, напиша Гага.
Вереничкиот прстен што го носеше се состои од овален дијамант во комбинација од бело и розово злато со дополнителни дијамантски детали. Според некои проценки, вредноста на прстенот се движи помеѓу 500.000 и 2 милиони американски долари, во зависност од квалитетот и тежината на дијамантот.
Во претходните интервјуа, Гага откри дека Полански ѝ предложил брак додека заедно пешачеле, без формално да клекнe на едно колено, додека се спуштале по патеката. Предлогот бил дискретен, што, според неа, совршено одговара на нивниот животен стил.
Мајкл Полански, кој ретко се појавува во јавноста, е извршен директор на Фондацијата Паркер, организација фокусирана на здравствени и социјални иницијативи. Тој е во врска со Гага од почетокот на 2020 година, а оттогаш заедно присуствувале на церемонии за доделување награди и модни настани.
Иако двојката не зборува често за својот приватен живот, повремените објави на социјалните мрежи и заедничките појавувања укажуваат на стабилна врска. Гага постојано нагласуваше дека Полански бил силен поддржувач на нејзината кариера, вклучително и нејзиното враќање во поп-музиката по период посветен на филмот.
Фото: ИнстграмИзвор: Zena.blic.rs