Македонски бренд кој ги освои срцата на Американците: Лепа Брена се појавува во пекара во Америка и тоа во форма на леб

Добивај вести на Viber

Лепа Брена освен во својата музичка кариера, бележи успеси и во бизнис секторот. Неодамна го лансираше својот бренд наменет за понежната половина, а во прашање се специјално дизајнирани хулохопки, изработени од материјал кој не се кине! 

Нејзината голема слава, која ја доживеа уште во времето на Југославија со музичкиот бенд „Сладок грев“, во кој настапуваше заедно со сега веќе покојниот директор на продукцијата „Град“ и познат водител Саша Поповиќ, и денеска е добра подлога за заработка. 

Извор: Википедиа

Покрај на територија на Југославија, Лепа Брена е позната и во дијаспората и има мрежа на познаници во САД, бидејќи долги години заедно со семејството поминуваше голем дел од своето време токму во Америка. 

View this post on Instagram

A post shared by Мina Pavlovic (@signorinamina)

Но малкумина знаат дека Лепа Брена е инспирација и за другите бизнисмени кои со своите хит бизнис идеи, направиле успешна приказна. Еден таков пример доаѓа токму од Македонија, а сопственик на брендот е Горан Тевдовски кој во далечната Америка има пекара која произведува и продава леб кој го носи името „Лепа Брена“.

Постои и бренд што нема никаква врска со неа, но го носи нејзиното име. Таков е случајот со една пекарница во далечна Америка, која продава леб со име „Лепа брена“. За тоа зборуваше сопственикот Горан Тевдовски во еден поткаст.
– Ние го продаваме нашиот леб во Америка и се вика „Лепа брена“. Татко ми се сети дека тоа била некоја приказна одамна во Македонија, па ја презедовме идејата. Дури и Брена дојде да го проба и многу ѝ се допадна – раскажа тој.


Познато е дека Брена меѓу првите лансираше кукли, кои тогаш беа вистинска атракција. Дека и денес се интересни за луѓето, сведочи и тоа што сѐ уште може да се купи кукла слична на Барби со нејзин лик на разни сајтови за половна роба. Денес, според виденото, цената на една таква кукла е 9.000 динари.

Извор: nova.rs