Моден витамин Ц: Овошни фустани кои ќе ви го разубават денот!

Сончевото време кое е во најава е добра основа да почнеме да размислуваме за внесување на свежи и повесели бои во гардероберот.
Модните парчиња со овошни принтови се совршен рецепт за летен- лежерен стил.
Летото е сезона на боите, свежината и слободниот дух – а што подобро го отсликува тоа од модата инспирирана од овошни вкусови? Новата колекција на фустани, кошули и лежерни летни парчиња доаѓа во најслатките овошни мотиви – лимони, портокали, лубеници и јагоди!
Лимон за свежина – фустан со ситни жолти лимони на бела основа е идеален за денови покрај морето или прошетка низ град. Дајте му на изгледот свежа доза виталност и позитивна енергија!
Лубеница за боемски дух – кошула со лубеница-принт е вистински моден избор за оние кои сакаат да внесат игривост и хумор во својата облека. Комбинирај со шорцеви или тексас здолниште за опуштен изглед.
Јагоди за романтични летни вечери – фустан со јагоди во роматични розово-црвени тонови е совршен за вечери под ѕвездите. Додади сламена шапка и сандали – и подготвена си за летно вљубување!
Портокал за енергија – кошула или фустан со портокалов принт ја носи сончевата топлина со себе. Комбинирај со светли аксесоари и внеси ведрина во секој ден.
Црешите за нежност – фустани со принтови на мали и нежни цреши остава на доем на нешто романтично. Може да ги имате и на фустани, кошули, шорцеви или марами.
Овошните мотиви не се само слатки – тие се симбол на радост, младешки дух и безгрижност. Одбери го својот омилен овошен вкус и носи го со насмевка!
Фото: Pinterest