На крајот на денот сите ние сме џокер: Утринско кафе со Викторија Јаначковиќ

Наутро станувам во 6 и вежбам. Денот го започнувам со утринско кафе и по можност никој да не разговара со мене.Сите женски марифети ги правам многу брзо и спремна сум веќе во 7:30 за работа.
Во ординација влегувам да работам во 8 часот наутро и денот ми е обично зафатен и исполнет. Под полн гас.
Во животот ме мотивираат исклучиво добри луѓе и насмевки.
Денот ми завршува со планирање на утрешните обврски, и како сабајле, сакам да бидам во мир и тишина со добра музика. Викендите се поразлични секако. Многу понемирни.
Обожавам да читам, но сум луда по добри филмови.Ме успиваат сите добро тематски организирани приказни, без разлика на тежина. На крајот на денот сите ние сме џокер.
*Викторија Јаначковиќ-манекенка со завидно портфолио, сега стоматолог