Најдобрите журки на Балканот се во Охрид: Дознај зошто сите одат таму!

Ова лето како и сите претходни, сите патишта водат кон Охрид. Најдобриот ноќен живот во моментов го нуди туристичкиот бисер на Македонија кој освен по својата уникатна култура и природна убавина, познат е и по незаборавниот ноќен живот.
Во Охрид, денот завршува со езерска прошетка, но ноќта започнува со гласна музика, шарени светла и музика. Летната еуфорија кулминира за време на викендите, кога градот е преполн со туристи, а клубовите и баровите работат до доцна во ноќта.
Кога сонцето ќе зајде зад планините, градот добива нова димензија и енергија. Кафе баровите и дискотеките сместени во градот покрај езерото нудат богата музичка програма.
Туристите одлучија дека најдобрите журики се случуваат во ноќниот клуб „Клуб Ребел“, кој нуди квалитетен звук, визуелни ефекти и уникатно искуство со диџеи и електронска музика.
Лајнапот на летната музичка агенда на „Клуб Ребел“, секојдневно се надополнува со ново музичко име од светската електронска сцена.
На 19 -ти Јули „Клуб Ребел“ широко ги отвора вратите за неверојатната NAKADIA. Скромната девојка од Тајланд што стана глобална икона, нејзината кариера е како современа уникатна бајка на 21 Век.
Обожавана за нејзината оригиналност, страст за музика како и несекојдневна појава и харизма, девојката од Тајланд го освојува. Со неверојатната енергија која ја носи ги претвара скептиците во свои најголеми обожаватели. Ја делела сцената со Sven Vath, е дел од ANTS ивентот во Ibiza, настапувала со Loco Dice, исто и на Tomorrowland. Како продуцент позната е како дел од проектот на Carl Cox, Intec imprint.Светскиот патник Christian Smith се враќа во „Клуб Ребел“.
По неговото неверојатно шоу минатата година, на 26- Јули повторно ќе враќа во Охрид за реприза на магијата на вистинскиот мајстор.
За најголемата гужва и пикот во Охрид, na 2 –ри Август „Клуб
Ребел“ го најавува гостувањето на DJUMA Soundsystem. Еден од најпрепознатливите артисти на
глобалната house & melodic сцена пристигнува во срцето на Охрид.
Кул, свеж и едноставно уникатен, шпанскиот диџеј Ramiro Lopez е тука за да ве натера да го почувствувате подиумот за танцување и да уживате во музиката. Од Сао Паоло, преку Пекинг, Мајами, Мумбаи, Мексико, Берлин, на 9-ти Август во Ребел-Охрид.