Најлошите свекрви се раѓаат во овие хороскопски знаци

Секако, постојат и исклучоци, но за затегнатите односи, љубомората, непочитувањето, па дури и омразата меѓу двете најважни жени во животот на еден маж – мајката и сопругата – се зборува многу често.
Секоја мајка му посакува најдобро на своето дете, но некои од нив сакаат секогаш да бидат на прво место, дури и кога синот ќе се ожени. Во продолжение ви ги претставуваме трите типа на „најтешки свекрви“ според хороскопот.
Најтешките свекрви се раѓаат во овие три хороскопски знаци:
Рак
Свекрвата родена во знакот рак на прв поглед делува ведро, љубезно и насмеано, но кога подобро ќе ја запознаете, ќе сфатите дека сака да се меша таму каде што не ѝ е место и често предизвикува конфликти во семејството.
Знае да се навреди и за најмала ситница, а кога има публика, подготвена е да направи вистинска драма. Сепак, кога е потребно, знае да помогне и на синот и на снаата.
Лав
Ако имате свекрва во знакот лав која повремено ве гледа со неодобрување, можеби сте заборавиле да ѝ дадете комплимент.
Лавиците обожаваат да бидат во центарот на вниманието, а комплиментите им значат затоа што се чувствуваат ценето. Од друга страна, свекрвите лавови обично ги обожаваат своите внучиња и едвај чекаат да ги повикате во гости.
Овен
Разговорот со свекрва во знакот овен може да биде пријатен. Често нудат совети, помагаат или ги чуваат внучињата без дури ни да ги прашате. Но, понекогаш претеруваат и почнуваат да се мешаат во сè што се однесува на вашиот брак.
Сепак, на долг рок не се штетни и нивното присуство често носи и многу насмевки.
Извор: b92