Најубавите песни од Габи Новак - засекогаш ќе бидат запишани во нашите животи

На 90-годишна возраст, нè напушти големата музичка дива Габи Новак, таа беше посебен уметник кој засекогаш ќе го паметиме преку одличните изведби
Големата уметница Габи Новак почина тивко на 90-годишна возраст. Нејзиниот глас засекогаш ќе остане во нејзините песни, а ние ќе ја паметиме по најубавите песни што беа создадени со најголемите уметници од овој регион. Музичката дива сними 11 албуми, нејзината кариера започна во 50-тите години на минатиот век, а нејзините најголеми песни ги напиша нејзиниот сопруг Арсен Дедиќ.
Во подоцнежните години, таа многу соработуваше со својот син, големиот џез музичар, Матија Дедиќ. За време на нејзината работа, таа доби бројни награди, а во 2006 година го доби Порин за животно дело. Засекогаш ќе биде запаметена по нејзиниот нежен глас и емотивните интерпретации што се врежани во музичката историја. Се потсетуваме само на некои од нејзините најубави песни што ја одбележаа нејзината долга кариера.