„Не земајте витамин Д пред спиење, додатоците во исхраната се земаат умерено - еве кој треба да ви ја одреди мерката“: Совети за суплементација од фитнес инструкторот Бојан Вчков

Добивај вести на Viber

За додатоците во исхрана не ви треба рецепта, ниту посебна препорака од лекар.

 Постојат општи верувања поврзани со исхраната, кои го изродиле генералното правило дека од додатоци во исхрана нема штета, но сериозни штети по здравјето може да произлезат од недостаток на некои витамини и минерали. 

Така често, ги купуваме во аптеките или во продавниците за фитнес суплементи, без претходна консултација, со уверување дека не може да ни се случи ништо лошо доколку конзумираме суплементи, дури и кога не постојат индикации дека некој витамин или минерал ни недостига. 

Сосема поразличен сегмент се суплементите кои се користат за фитнес бидејќи тие освен со здравјето се поврзани и со фитнес резултати и физичкиот изглед. 

За тоа, кога треба да се земаат суплементите и како да знаеме во кои дози да ги земаме, но и дали фитнес инструкторот е кредибилен да ни даде насоки за користење на суплементите и кога да побараме совети од него, говори Бојан Вчков за „Женски магазин“. 


МСК