Неочекуван „удар“: Свадбениот потег на Селена Гомез за кој постојано се зборува ФОТО

Селена Гомез му го кажа судбоносното „да“ на својот вереник Бени Бланко во Калифорнија, а фановите се многу загрижени за едно нешто и се прашуваат - зошто го направи тоа?
Пејачката Селена Гомез се омажи за својот свршеник Бени Бланко минатиот викенд на раскошна церемонија во приватен имот во Санта Барбара, Калифорнија.
На церемонијата присуствуваа неколку познати личности, вклучувајќи ги популарните Тејлор Свифт и Парис Хилтон, но еден детаљ особено остави силен впечаток и доза на загриженост кај обожавателите и семејството на пејачката.
Селена одлучи нејзината мајка Менди Тифи да не ја води до олтарот, но наместо тоа нејзиниот дедо Дејвид Корнет ја имаше таа чест, а некои медиуми и нивните извори велат дека оваа одлука длабоко ја повредила нејзината мајка.
Извор близок до семејството Гомез изјави дека Менди и нејзиниот сопруг Брајан се скршени од одлуката на Селена, а изворот тврди и дека пејачката ја донела оваа одлука за време на фазата на планирање на свадбата.
Од друга страна, мајката на пејачката не даде никакви индикации дека е тажна поради оваа одлука, туку сосема спротивното - го објави тоа на социјалните мрежи.
„Беше сон што стана реалност и исклучително емотивно да го гледам татко ми како ја води до олтарот“, напиша мајката на Селена, која им честиташе на младенците со зборовите: „Вечерта не можеше да биде поубава и посовршена! Апсолутно магична! Ја испраќам целата моја љубов до мојата прекрасна ќерка Селена и мојот најдобар зет Бени“.
Мајката на Селена ги ограничи коментарите на објавите, но некои обожаватели се прашуваа зошто нејзиниот татко, Рикардо Џоел Гомез, не ја води до олтарот.
Селена и Бени се познаваат со години, а својата врска ја објавија во 2023 година. Една година подоцна, се свршија, а една година подоцна, оваа година, ја официјализираа својата љубов на најубавиот начин - со свадба.
РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм