Неверојатно, но вистинито: Мајка брзајќи во супермаркет, зема туѓо, наместо своето дете
Факт е! Имаме премногу обврски, мисли кои не оптоваруваат, дали спакувавме ужинка на детето, дали на работа средивме се‘, пеглата со која ја пеглавме кошулата дали ја исклучивме, што да направиме за ручек денес, што утре, дали ќе ни се доволни парите до следната плата, како ќе се топлиме зимава, требаше да купиме патики за малото, да не заборавиме да купиме јајца, кисело млеко и пециво, ќе правам палачинки за вечера... Стресот, секојдневно си го зема долгот.
Така и оваа мајка, (претпоставуваме) пренатрупена со обврски и мисли, ја „гази“ времето, па брзајќи да купи што и треба од маркетот - го заменила споственото дете.
На Твитер кружи видео во кое мајка стои на каса и чека ред за да плати со дете во рака, таа гледа кон касата, а во еден момент доаѓа друга жена и ѝ го зема детето. Откако жената погледна во детето разбра дека тоа всушност не е нејзиното дете, па веднаш започна во паника да го бара. Детенцето го најде помеѓу рафтовите во супермаркетот. Неверојатно, но вистинито.
Видеото е споделено на твитер, а над него пишува: „Капитализмот ја натера мајката да го заборави своето дете. Жално“.
Да, навистина дечињата се во скоро идентична јакна и имаат капичка на глава, но колку е веројатно во целиот хаос којшто се случува во нашата глава да си го помешаме детето?
#kapitalizm anneye çocuğunu unutturur. Acı. pic.twitter.com/KgHsdeR13d
— tebessümlük (@tebessumluk) November 5, 2020
Р.Ж.М
Видео: Твитер