Пријателство што руши бариери: Другарот од инвалидска количка, го качи на грб и го однесе до морето (ВИДЕО)

Пријателството е најголемата сила што може да нè обедини во моменти на предизвици, неизвесност и болка. Но, неговото вистинско лице се открива тогаш кога животот ги менува правилата на играта. Кога еден од најблиските другари завршува во инвалидска количка – без разлика дали поради несреќа, болест или вродена состојба – тоа не е само негова приказна. Тоа станува заедничка борба, споделена емпатија и патека полна со разбирање, трпение и поддршка.
Такво искрено и силно пријателство е прикажано во видео објавено на популарниот инстаграм-профил „Grckainfo“, кое брзо се прошири и ја трогна јавноста. На видеото се гледаат две млади момчиња на плажа – едното од нив е во инвалидска количка, додека другото, без двоумење, го зема на грб и го носи во морето, овозможувајќи му да ужива во летото како сите останати.
„Вистинскиот пријател ти дава сила кога е најпотребно“, пишува во описот на видеото кое стана симбол за хуманост, верност и солидарност.
Коментарите под објавата само ја потврдуваат силата на ова дело:
„Браво момци, кој има пријател, тој е богат“, „Минатата година во Потос имавме прилика и чест да запознаеме родители со три возрасни синови, сите во инвалидска количка и сестра која беше здрава. Таткото еден по еден ги носеше до вода и поминуваше време со секој насамо. Таа радост и среќа, јас не можам да ја опишам. Се изнаплакав тој ден. А плачам и денес кога се сеќавам на тоа“, „Вистински пријател и човек. Тоа е реткост денес“, „Прекрасно пријателство.“
Во време кога секојдневието е исполнето со поделби, предрасуди и недостаток на сочувство, ваквите моменти потсетуваат дека човечноста сè уште постои. Пријателството не се мери во зборови, туку во дела – и понекогаш, тоа дело е едноставно носење на пријател на грб, за да може и тој да го почувствува морето.
Фото: Принтскрин/ ИнстаграмРЖМ - Г.Д.Г