„Сахара“ – македонскиот хит на Халкидики - плажа која е вистински Instagram heaven!

Добивај вести на Viber

Ако патот ве носи кон Халкидики, обавезно запишете ја една локација со големи букви: Плажа Сахара! Сместена само 4,3 километри северно од центарот на Неа Каликратија, оваа плажа е вистински рај за љубителките на кристално чиста вода, ситен песок и луксузно уживање на сонце.


Овде има простор за сечиј стил – и за оние што сакаат да уживаат на стилски уредени лежалки со услуга на ниво, но и за тие што носат своја опрема и сакаат слобода на плажа. Од првите редови кои чинат 30 или 20 евра со конзумација, па сè до ексклузивните лежалки кои достигнуваат цена од 300 евра – „Сахара“ знае како да ве разгалува.


Водата е топла, плитка и совршена за деца, а камчињата на влезот се само кратка епизода пред да зачекорите во бистрата сина. Плажата нуди и комплетна удобност: ресторан со богато мени, гранита и нес фрапе по 5.50 евра, хостеси кои ве пречекуваат со насмевка, тушеви, кабини за пресоблекување, тоалети и – што е особено важно – бесплатен паркинг!


За ден полн со стил, релакс и добра енергија – Сахара е вистинскиот избор. Затоа, фустанчето во торба, очилата на очи, и правец – Халкидики!



ФОТО: tripadvisor