Ослабнете со протеинско смути на Џенифер Лопез

Добивај вести на Viber

Џенифер Лопез со своите фанови ја сподели тајната на совршениот изглед. Се работи за вкусно протеинско смути, која пејачката го пие секое утро.
 Се состои од следните состојки: Една рака спанаќ, една замрзната банана, 1 шолја млеко, 2 лажички путер од бадем и 1 лажичка протеински прашок. Сите состојки ставете ги во блендер. 
Измешајте ги додека не се направи мазна смеса. Пијте наутро или меѓу оброците. 
Секако, пејачката откри дека секој ден има тренинзи,к ои и помагаат да остане фит, но и да биде подготвена за напорните концерти. „Кога имав 20 години не го ценев своето тело и својот изглед.
 Сега често знам да си кажам на себе и на другите: Ѕирнете во себе и погледнете се. Не на арогантен начин – едноставно се доживувам на друг начин, онака како што не можев во младоста. Дури можам да кажам и дека ги сакам лузните кои ги имам на моето тело“, изјави во една прилика.