Откријте ги најпосакуваните „секогаш поволно“ make-up трендови за оваа есен!

Добивај вести на Viber

Летото беше период кога избегнувавте да користите потешка шминка на вашето лице, и секако не излегувавте од дома без заштитниот фактор од сонцето и juicy bomb сјајот за усни. Есента брзо дојде, па затоа и време е да ги освежите навиките за нега на лице и шминкање, и да созадете рутини кои се најдобри за да се задржи свежината и сјајот на вашето лице. Како и секоја девојка и жена, сигурно се прашувате кои се маке-up трендовите за оваа есен?  Направивме мало истражување за вас и ви ги споделуваме најпознатите make-up трендови кои се во фокус оваа есен според светските шминкери!

View this post on Instagram

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)



·  Природен и бронзен изглед на вашето лице

Mинималистичкиот изглед инспириран од ’90-тите е секогаш во тренд. Зачувајте ја потемнетата, сончево-златна нијанса што ја добивте за време на летните одмори со помош на тонирана крема и омилениот бронзер за лице Trend !t up!. За поизразен и сјаен финиш, нанесете Trend !t up коректор за подочници, а потоа и S-he Colour & Style течна пудра за лице и руменило Revolution. Завршете со нежен highlighter на јагодиците, врвот на носот и аглите на очите – изберете меки златести или шампањ нијанси, совршени за есенските денови и вечерни излегувања.

·  Мат нијанси за впечатливи усни

Матираните нијанси на кармини се апсолутен хит, а портокаловата, пастелно розевата и berry тоновите внесуваат совршена доза елеганција. Исцртајте ги усните со моливче за да добиете прецизна и убава форма, потоа нанесете матирачки кармин за интензивен и долготраен ефект. Доколку сакате да експериментирате, пробувајте со различни нијанси на моливчиња и кармини за да ја довиете  вашата совршената боја на усни. А доколку сакате дополнителен wow ефект – додадете  тенок слој светкав сјај за усни.

·  Впечатливи очи, густи веѓи и долги трепки

Палетата на сенки за очи од Max Factor ги содржи совршените топли есенски нијанси кои се вистински хит оваа сезона и ќе го истакнат вашиот поглед со неверојатна привлечност. Исцртајте ги вашите очи со кафено или црно моливче, а можете и да експериментирате со други бои за уникатен ефект. Изберете нијанса што ја нагласува вашата боја на очите и создава есенски шарм. Во тренд се сини и пастелни сенки за очи, како и smokey eyes во студени тонови како сива и сребрена. За да го завршите изгледот со финален „wow“ ефект, нанесете ја alverde XXL маскарата или Maybelline Lash Sensational – два фаворити кои се достапни по секогаш поволно цена и ќе ги направат вашите трепки долги и со длабок волумен.

Во вашиот dm ве очекува голем избор на производи за шминкање, со кои лесно ќе го комплетирате вашиот совршен есенски make-up изглед. Изберете меѓу квалитетните производи од сопствените германски dm брендови или од светски познати имиња во beauty светот – сè по секогаш поволни цени, за да уживате во вашата шминка без компромис!


*Пр објава