Овој лек носете го секогаш со себе на плажа: Спасува живот и купува време во тешки состојби

Добивај вести на Viber

Кога заминуваме на одмор, ретко размислуваме за непријатни ситуации. Но, за луѓето со тешки алергии, носењето адреналин со себе може да биде буквално прашање на живот или смрт.

Лекарите потенцираат дека адреналинот е неопходен за лица со познати алергии – на инсекти како пчели или оси, на одредени намирници како кикирики или морска храна, или за оние кои некогаш доживеале анафилактичен шок. Во вакви ситуации се препорачува задолжително носење автоматски адреналински пенкалo (EpiPen или сличен уред).

Адреналинот делува веднаш – ги проширува дишните патишта, ја подобрува циркулацијата и спречува колапс на организмот. Најважно е што купува драгоцено време додека пациентот не биде префрлен во болница.

Меѓутоа, експертите предупредуваат дека адреналинот не е „универзален лек“. Неговата употреба мора да биде строго насочена и по совет на лекар. Тој не смее да се користи без причина, ниту пак да се смета како замена за медицинска нега.

Сепак, фактот останува: за оние со сериозни алергии, едно мало пенкалo во чантата може да биде невидлив херој кој ќе им го спаси животот.