Познат индиски астролог открива што нè очекува во следните 15 години: „Светот ќе биде погоден од голема катастрофа, а ова е единствениот начин да се извлечеме од неа“

Добивај вести на Viber

Познатиот индиски астролог Абигја Ананда открива што нè очекува во следните 15 години.

Абигја Ананда, е млад индиски астролог кој го привлече светското внимание со објавувањето на пандемијата пред да започне, во своите најнови анализи предупредува на уште посериозна криза - глобален недостиг на храна, што би можело да влијае на човештвото во наредните децении.

Храната како главен ресурс на иднината

Според неговите пресметки, од 2029 година светот влегува во долгорочен циклус на големи промени, а тој ги означува 2039 и 2040 година како години во кои храната ќе стане највредниот ресурс на планетата. Причината за ова нема да бидат само климатските промени, туку и:

*Прекини во синџирите на снабдување

*Војни и политички блокади

*Загадување на почвата и водата

*Прекумерна употреба на хемикалии во земјоделството

*Намалување на плодноста на почвата и намалување на приносот

Ананда тврди дека цената на основните прехранбени производи - ориз, пченица, млеко и зеленчук - ќе се зголеми нагло, а во некои делови од светот ќе стане достапна само за малкумина привилегирани.

Што советува тој?

Во своите пораки, Ананда нагласува дека само заедниците кои се самоодржливи, поврзани со природата и способни сами да произведуваат храна можат да ги избегнат последиците од оваа криза.

Неговите совети вклучуваат:

*Садење сопствена храна, дури и на балкони и градини

*Зачувување на семе од стари сорти

*Враќање кон органско и традиционално земјоделство

*Намалување на зависноста од системот и големите трговски синџири

*Учење на едноставен и скромен живот

„Храната ќе биде новата валута. Луѓето кои можат да ја произведуваат ќе бидат богати, а оние кои зависат од системот ќе бидат најранливи“, вели Ананда.

Фото: Freepik.com