Прифатете дека сте токму вакви: Астролозите ги открија најлошите соработници во хороскопот

Секој хороскопски знак има свои доблести и мани, особено кога станува збор за работа.
Некој секогаш е прв на задача, друг постојано доцни или критикува, а трет бара забава во сè.
Погледнете какви се вашите колеги и колку ќе се препознаете во овој хороскопски водич низ канцеларија.
1. Овен
Овните сакаат да бидат први и најдобри. Полни се со енергија и иницијатива, но не се грижат многу за процедури и мислења на другите.
Импулсивноста може да биде проблем – често грешат и продолжуваат како ништо да не било.
2. Бик
Вредни и упорни, но тврдоглави. Важно им е стабилноста и рутината, а тешко се прилагодуваат. Сепак, на нив секогаш може да се потпрете – иако сè оди по нивно темпо.
3. Близнаци
Брзи и комуникативни, но без фокус. Сакаат многу задачи одеднаш и лесно губат интерес. Забавни се, но често изгледа како да не сфаќаат сериозно.
4. Рак
Емотивни и чувствителни. Внесуваат топлина, но ако се почувствуваат повредени – стануваат повлечени. Најдобро функционираат со поддршка и сигурност.
5. Лав
Амбициозни и желни за признание. Кога се пофалени – блескаат, а кога не – стануваат фрустрирани. Можат да инспирираат, но и да делуваат егоистично.
6. Девица
Аналитични и педантни, но и напорни со прекумерно цепидлачење. Ги гледаат сите детали што никој друг не ги забележува, што ги прави клучни во тимот.
7. Вага
Дипломати и медијатори. Сакаат мир и рамнотежа, но можат да делуваат неодлучно. Одлични се за тимска работа и комуникација.
8. Шкорпија
Интензивни и страствени, но и склони на игри на моќ. Тајновити се и манипулативни, но кога има доверба – се извонредно лојални.
9. Стрелец
Оптимисти и авантуристи. Секогаш бараат нови предизвици, но рутината брзо им здосадува. Почнуваат многу работи, но ретко што завршуваат.
10. Јарец
Најдисциплинирани и најодговорни. Амбициозни и строги – и кон себе и кон другите. Понекогаш премногу критични, но секогаш сериозни и сигурни.
11. Водолија
Креативни и оригинални, но тешко се вклопуваат во тим. Не сакаат правила и авторитети. Непредвидливи, но често визионери.
12. Риби
Креативни и емпатични, но чувствителни и несигурни под притисок. Најдобри се во мирна средина каде што можат да ја изразат својата креативност.
Извор: b92