„Сакав да си ги отсечам рацете, цела турнеја лежев на под и плачев“: Мадона го даде најпотресното интервју досега - ВИДЕО

Добивај вести на Viber

Кралицата на поп-музиката, Мадона (67), отворено проговори во своето прво интервју за подкаст, „On Purpose with Jay Shetty“, и зборуваше за тоа како духовноста ја спасила во најтемните моменти од нејзиниот живот. За време на двочасовното интервју, уметницата призна дека за време на борбата за старателство над нејзиниот син Роко Ричи, имала самоубиствени мисли.

„Имаше моменти кога сакав да си ги отсечам рацете... Всушност размислував за самоубиство“, рече Мадона, потсетувајќи се на болните денови во 2016 година, кога се најде во конфликт со поранешниот сопруг Гај Ричи.

Сè започна кога тогашниот 16-годишен Роко одлучи да ја напушти мајка си за време на нејзината турнеја „Rebel Heart“ и да се пресели во Лондон со својот татко. Мадона го имаше примарното старателство во тоа време, но по долга правна битка, беше постигнат договор момчето да остане во Обединетото Кралство.

„Веројатно еден од најтешките моменти во мојот живот, кога не можев да ја видам шумата од дрвјата, беше кога поминував низ битка за старателство. Се чувствував како некој да ми го одзема детето и како да ме убиваат.“

Таа додаде дека секој ден излегувала на сцената во тоа време, иако била скршена: „Лежев на подот во мојата гардероба и плачев. Мислев дека е крајот на светот. Не можев да го поднесам тоа.“

Денес, сепак, таа со насмевка вели дека нејзиниот однос со нејзиниот син се променил: „Фала му на Бога, сега сум во добри односи со Роко. Дури можам да кажам дека сме пријатели. Но, тогаш не можев да го видам тоа. Навистина мислев дека сè е завршено.“

View this post on Instagram

A post shared by Jay Shetty (@jayshetty)



Помирување со нејзиниот брат

Во разговорот, пејачката зборуваше и за нарушената врска со нејзиниот брат Кристофер, кој почина во јуни 2024 година по битка со рак на грлото. Двајцата не зборуваа со години.

„Носење омраза, желба некој да страда… тоа е отров, тоа е рак. Мојот најлош непријател долго време беше мојот брат.“

Таа рече дека се распаѓала кога Кристофер ѝ се обратил кога бил болен.

„Се прашав: „Дали ќе му помогнам на мојот непријател?“ И едноставно решив дека ќе го сторам тоа.“

Тоа беше момент на помирување: „Ми тргна огромен товар од грбот. Конечно можев да ја држам неговата рака, иако умираше, и да му кажам: „Те сакам и ти простувам.“ Беше непроценливо.“

Моќта на кабалата (дисциплина и школа која се занимава со мистичните аспекти на јудаизмот) и духовниот пат

Мадона повторно нагласи колку откривањето на кабалата во 1996 година го промени нејзиниот живот. „Успех е да се има духовен живот. Не би била тука ако го немав.“

Заедно со нејзиниот долгогодишен учител по кабала, Ејтан Џардени, таа го претстави новиот курс „Мистичните студии на Зохар“. Тaa објаснува дека целта на тоа учење е да се поврзе со божественото, но и со сопствениот внатрешен мир.

„Духовната мудрост не е корисна кога сè оди глатко, туку кога се мачите и се борите.“


РЖМ/ИС - Фото-Jay Shetty Podcast / youtube