Животна училница // Приказни
Шахпаска: 10 дена рок за разгледување на жалбите и приговорите за помошта од 6.000 денари
Министерката за труд и социјална работа Јагода Шахпаска на денешната прес-конференција рече дека рокот за разгледување на жалбите и приговорите за државната помош од 6.000 денари од четвртиот пакет на мерки насочена кон стотици илјади граѓани има рок на разгледување од 10 дена. Истиот беше затворен на 21 декември.
- Законскиот рок за разгледување на приговорите е 10 дена, а за ова време ќе се изнајде начин како да се исплатат средствата за самохраните родители за кои вчера беше доставен список, рече Шахпаска, одговарајќи на новинарско прашање.
Најголем број на приговори се пристигнати од самохраните родители, а министерката вели дека исплатата на средствата ќе бидат исплатени на нивните сметки.
Повеќе информации за темата прочитајте на Фактор.мк