Што тату артист мисли за луѓето кои се тетовираат: „Жените повеќе толерираат болка“ (ЗАБАВНО ВИДЕО)

Борис Костов е тату артис кој е во секојдневен контакт со луѓе кои му се обраќаат за изработка на тетоважи.
Вели дека оваа професија треба да се сфаќа со голема сериозност, бидејќи како тату артист остава трајни белези на телата на луѓето.
Кога луѓето му се обраќаат за тетоважи, тоа го смета за чин на доверба, зошто не е сѐ едно кој ќе ви чкрта по телото, како и по душата. Тетоважите се едни од најтешките уметнички потфати бидејќи се сликаат на кожа, на нерамна површина и секако го имате моментот на „жива материја која реагира“, што не е случај кога сликате на платно.
Го прашавме дали постојат возрасни граници за тетовирање, од кога до кога е дозволено, но и дали постојат разлики во тетоважи кои ги прават жените и ги прават мажите. И покрај тоа што вели дека често фигурите се повторуваат, индивидуално е кој како ја доживува тетоважата.
Тој пред нашите камери, на забавен начин се потруди да ни објасни зошто денеска тетоважите стануваат сѐ попопуларни помеѓу младите, но и повозрасните, како изгледале тетоважите пред 20 години, а како изгледаат денеска, но и кој повеќе „вика“ од болка додека се тетовира - мажите или жените.
Целиот разговор погледнете го на линкот подолу:
Магдалена Стојмановиќ - Константинов