„Сите досега погрешно мислевме“: Еве што всушност значат 15,30 и 50 фактор на кремите за сончање

Добивај вести на Viber

Во текот на летните месеци, кремите за сончање стануваат задолжителен дел од секојдневната нега.

 На пазарот најчесто се среќаваат креми со фактори 15, 30 и 50, а многумина погрешно веруваат дека овие бројки ја претставуваат јачината на заштитата.

Сепак, експертите појаснуваат дека SPF (Sun Protection Factor) не ја мери ефикасноста на заштитата, туку времетраењето на дејството. 


Така, крем со SPF 15 обезбедува заштита околу 15 минути, SPF 30 околу 30 минути, а SPF 50 до 50 минути. Тоа значи дека, без разлика на факторот, кремата треба да се обновува редовно – особено по капење или потење.

Дерматолозите советуваат кремот за сончање да се нанесува изобилно и рамномерно на целото тело, со особено внимание на чувствителните делови како што се лицето, стомакот, ушите и рамениците – каде кожата е потенка и поподложна на изгореници.

Запомнете: ниеден фактор не обезбедува целосна заштита, но правилната и честа употреба на крема за сончање значително го намалува ризикот од оштетување на кожата и развој на сериозни кожни заболувања.

РЖМ