„Со феминизмот се претера, тој не ја одразува реалната состојба на македонската современа жена“: Разговор со Ана Дукоска (ВИДЕО)

Да се биде жена е предизвик, да се биде жена во Македонија е двоен предизвик.
Македонската жена, генерално е конзервативна и традиционална, од една страна има нужна потреба од женско лидерство, од друга страна постои огромна злоупотреба на женското движење во Македонија.
Дури и кога е добронамерно, женското движење во голема мерка не ја одразува вистинската потреба на македонската жена (прототип).
Ана Дукоска е една од ко-основачките на Здружението „Јас сум жена“ кое ги увидело потребите за женско лидерство, но и досегашните недостатоци на женското движење во Македонија.
Иако 17 години живеела во Америка, никогаш не се пронашна во таа средина. За неа Македонија е нејзин дом и живеела за денот кога повторно ќе се врати, како што самата вели „дома“.
За среќа има и позитивни работи кои ги донела како искуство од 17 години живот во САД. Денеска тоа школо го користи да го унапреди статусот на жената во Македонија.
Македонската жена е лидерка, но таа е и мајка и сопруга и земјоделка. Има многу поголеми проблеми со кои се соочува од она што може да се преслика со копирање на западните програми и политики.
Годинава, веќе традиционално Здружението „Јас сум жена“ организира годишна конференција на која покрај субјекти од Македонија, ќе се појават и голем број жени кои се политички фактор во Европа и од Америка. Токму од Македонија ќе пренесат силна порака и на светот ќе му посакаат „Добредојде од Скопје“ во новото историско поглавје за жените.
Повеќе детали за годинешната конференција, но и начинот на кој се организира женското движење во рамките на Здружението „Јас сум жена“ за „Женски магазин“ открива Ана Дукоска.
*Забрането е преземање на содржини од „Женски магазин“