Собирање и валоризација на биоотпад: Проблеми и решенија

Добивај вести на Viber

Органски отпад завршуваат на депониите. Има бројни примери во Европа што се фокусираат на иновативни решенија во градовите, коишто придонесуваат за преработка на биоотпад во производи со висока додадена вредност.

Околу 225 милиони тони цврст комунален отпад (ЦКО) се собрани во 2020 година во Европа (505 кг по глава на жител). Во ЕУ 50% од него се отстранува (27% за добивање енергија од отпад во постројки за согорување и 23% се депонираат), 48% се искористува (30% во постапки за рециклирање и 18% при селективно собирање за добивање компост), додека 2 % неконтролирано се губи (отстранува).
Имајќи го вo предвид влијанието што биоотпадот го има врз животната средина поврзано со генерирањето на стакленички гасови, како и голематаекономска загуба, заради трошоците за данок за негово депонирање, или губење на вредноста на различните рециклирачки материјали што се наоѓаат во ЦКО (пластика, хартија, метали и стакло, заедно со отпадната органска материја), правилното постапување со биоотпадот е клучно за унапредување на живеењето во градовите.

Стапката на валоризација на цврстиот комунален отпад е повисока во земјите од Централна и Северна Европа (околу 60%) отколку во земјите од Јужна и Источна Европа (околу 20%), каде што инфраструктурата за собирање и третман на отпад, како и свеста за животната средина, се помалку развиени.
Новото европско законодавство и стратегии за управување со отпад (Рамковна директива за отпад 2018/8511, Водечката иницијатива на патоказот во рамки на Европа 2020, Акциониот план за циркуларна економија за 2030 година) идентификуваат приоритети во третманот на отпад: превенција, повторна употреба, рециклирање, преработка и отстранување.

Многу градови во ЕУ се соочиле со предизвици поврзани со организација и оптимизирање на системот за селекција и селективно собирање на биоотпадот од домаќинствата во градот, со цел зголемување на вредноста на рециклирачките материјали на ЦКО, со посебен фокус на валоризацијата на биоотпадот.

ПРОБЛЕМИ

РЕШЕНИЈА

· Ниска мотивација за рециклирање.

· Недостаток на знаење за тоа како да се одвои отпадот.

· Граѓаните мора да се сметаат за основа на синџирот за рециклирање на биоотпад.

· Потребни се податоци за селективното собирање, за системот да се организира на одржлив начин.

Во оваа смисла, подигнувањето на свеста на граѓаните за начинот на селектирање и рециклирање е значајно, за да се зголеми вредноста на биоотпадот. Потребна е доследно следење на чекорите во постапувањето со биоотпадот (како селекција и преттретман на органската фракција на ЦКО), со цел да се избегне контаминација и несакано предвремено разградување на биоотпадот, што го намалува неговиот потенцијал за валоризација во производи со висока додадена вредност (како компост и сл.).

Извор: https://waste-management-world.com/

Оваа статија  е подготвена во рамките на Проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија,  Еко Логик и Флорозон - Центар за еколошка демократија и е поддржано од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон - Центар за еколошка демократија  и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

*ПР објава